Меси донесе конечна одлука за неговата иднина во ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинската ѕвезда Лионел Меси минува низ најтешкиот период во кариерата. Искусниот фудбалер стигна како големо засилување, но со неговите настапи сите ги разочара.

Навивачите минатата недела покажаа големо незадоволство откако ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ), а свирежите кои беа испратени кон Меси, не го натераа да си замине од тимот.

„РМЦ“ пишува дека Меси донел одлука и следната сезона да го носи дресот на парижаните, па ќе се обиде да им помогне во борбата за ЛШ.

„Тој е роден победник и сака свирежите да ги претвори во овации во следните неколку месеци“, тврдат извори блиски до Меси.

Меси оваа сезона во дресот на ПСЖ одигра 26 меча во сите натпреварувања и постигна седум голови и 11 асистенции.