Меси дозна колку ќе мора да паузира поради црвениот картон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси доби казна од два натпревари суспензија, откако претходно заработи директен црвен картон против Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија.

Меси го удри ривалот намерно во лице и поради тоа доби директен црвен картон, а Барселона загуби со 2-3 на крајот и остана без трофеј.

Се шпекулираше дека Аргентинецот би можел да добие казна и до 12 натпревари суспензија, но тоа за негова среќа не се случи, па ќе одмара само два меча.

Тоа значи дека Меси че го пропушти мечот со Корнеја во Купот утре, како и мечот со Елче во Примера следниот викенд. Доколку нема други проблеми, тој ќе се врати на терените на 31-ви јануари токму за мечот против Атлетик Билбао.