Меси е кошмар за Рамос, но тоа што му го правеше Роналдињо е – незаборавно! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серхио Рамос сигурно е еден од најдобрите дефанзивци на светот, па со Реал Мадрид ги освои сите можни трофеи.

Рамос во дресот на „кралевите“ игра повеќе од 16 години на врвно ниво, а во екипата стигна од Севиља во 2005 година за 30 милиони евра.

Овој 34-годишен фудбалер во кариерата имаше дуели против фантастични фудбалери, а многумина ќе кажат дека најмногу проблеми му создал Лионел Меси, иако тоа не е така.

Во својата прва сезона во дресот на Реал, Рамос вистински проблеми имал против легендарниот Роналдињо, кој беше кошмар за шпанскиот дефанзивец и Реал Мадрид.

Еден од фановите се погрижи да направи компилација од нивните дуели кои покажуваат какви проблеми имал Рамос.