Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го поврзуваа со враќање во Барселона, но наводно тој е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ.
„Ел Паризиен“ објави дека Меси е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ затоа што се чувствува одлично во Париз.
ПСЖ веќе подговил понуда за Аргентинецот, а наводно станува збор за договор на една плус една година и плата од 30 милиони евра по сезона.
Во моментов не се водат преговори меѓу двете страни, но се очекува истите да започнат наскоро бидејќи актуелниот договор на Меси завршува следното лето.
Барселона би можела да отвори преговори со Меси уште во јануари, но само ако Меси не потпише нов договор претходно.