Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси уште не донел конечна одлука за неговата иднина или барем не ја соопштил во јавност, иако неговиот последен потег веќе покажува одредени знаци за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Аргентинецот и минатото лето сакаше да замине од Барселона, но ќе остане до крајот на оваа сезона, односно до завршување на соработката, по што може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Со него најмногу се поврзуваат Манчестер сити и ПСЖ, како два гиганти кои можат да ги исполнат неговите финансиски барања.
Новинар на француската телевизија „Чејнел плус“ објави дека Меси почнал да учи француски јазик.
„Зошто учи француски, ако сака да потпише за Манчестер сити? Нема смисла. Оваа информација, која можам да ја потврдам е од сигурен извор“, кажа новинарот.