Меси: Финалето во недела ќе биде мој последен натпревар на СП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси кажа дека финалето во недела кое ќе го игра со Аргентина против подобриот од дуелот меѓу Мароко и Франција ќе му биде последно во кариерата.

Ѕвездата на ПСЖ блесна против Хрватска и постигна еден гол и асистенција, а потоа во разговор со новинарите кажа дека нема да настапи на друг Мундијал.

„Многу сум среќен што го завршувам патувањето со финале. Ќе го одиграм последниот меч. Тоа е навистина среќна вест за мене. Овој Мундијал беше емотивен, а до следниот има многу години и мислам дека нема да стигнам. Ќе дадеме сè од себе, како и досега. Уживам во последните неколку години. Луѓето во Аргентина веруваат во нас, а ние им ветуваме дека ќе дадеме максимум на теренот“, вели Меси.