Меси: Ги остварив сите мои соништа


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанска „Марка“ јa додели награда на Лионел Меси како играч со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот (56).

По тој повод, Шпанците кратко разговараа со легендарниот Аргентинец кој од летото 2023 година настапува за американскиот тим Интер Мајами.

„Што ми остана во фудбалот? Фала му на Бога, можам да кажам дека ги остварив сите мои соништа. Најголемиот сон ми беше да освојам Светско првенство. Освоив сè за клубот на мојот живот, Барселона, а освојував титули и во ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе”, рече Меси.