Меси го бара тренерот на Алиоски како замена за Сетиен! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона планира да се раздели со тренерот Кике Сетиен, зашто управата е разочарана од резултатите и загубената титула во Ла Лига, па поради тоа Лионел Меси ургира кај раководството да го ангажира Марсело Биелса, кој му е тренер на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Лидс.

Биелса требаше да добие нов договор, со многу поголема плата од сегашната и средства за да изгради квалитетен тим за следната сезона и новите предизвици, но сега Каталонците сакаат да му ги расипат сметките на новиот премиерлигаш.

Еден од кандидатите за кормилото на Барселона е и Чави, кој во минатото го носеше дресот на каталонскиот гигант и кој одби да замине во неговиот поранешен клуб пред тие да го ангажираат Сетиен.