Меси го сруши рекордот на Пеле, па ја изненади цела Каталонија со неговиот потег! 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси синоќа на мечот против Ваљадолид го урна рекордот на Пеле, откако стигна до бројката од 644 голови во дресот на Барселона.

Таков рекорд нема поставено ниту еден друг фудбалер во историјата, па Меси е сега на врвот и е недопирлив пред конкуренцијата, по што големиот успех го искоментира на Инстаграм, а ги изненади и фановите поради тоа што сам си замина со приватен авион без неговите соиграчи.

„Не можев да замислам дека ќе го соборам овој рекорд кога започнав да играм фудбал. Можам само да им се заблагодарам на сите оние кои ми помагаа низ годините, на моите соиграчи, на моето семејство, на моите пријатели и на сите кои секојдневно ме поддржуваат“, напиша Меси.