Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Лионел Меси два пати доби „НЕ“ од Барселона, сите знаеме како се распадна летото 2021 година кога мораше да замине, а сега е откриено како и пред заминувањето во Интер Мајами бил блиску до враќање.
Каталонскиот Спорт откри досега необјавени информации за уште еден пропаднат договор помеѓу Барселона и Лео Меси.
Според откриените информации, сè започнало во јануари 2023 година, кога Лионел Меси лично го повикал Чави Ернандес и му кажал дека сака да се врати. Барса во тој момент имала силен тим, минуваше кон титулата која таа сезона ја освои после четири години чекање.
Чави веднаш ја прифатил идејата да го врати Лео Меси и да му дозира и минутажа и улога на теренот во неговиот веќе силен тим. Во наредните недели, Чави и Меси биле во постојан контакт, разговарале за тактиката и улогата на Лео, а потоа почнале и преговори меѓу Жоан Лапорта и Хорхе Меси.
Во април пристигнала клучната информација – Ла Лига ги одобрила сите детали од договорот и дала зелено светло за враќање на Меси, а Жоан Лапорта ова го видел како идеална прилика да се искупи за расплетот и неславното разделување со легендата две години порано.
И како повторно сè пропаднало?
За да биде уште полошо за Лео и навивачите на Барса и Чави Ернандес, договорот бил подготвен. Меси требал да потпише двегодишен договор и Аргентинецот бил подготвен за враќање.
Но, неколку дена подоцна, Хорхе Меси го повикал Чави да му соопшти дека Ла Лига променила некои услови кои Барселона не можела да ги исполни.
“Ми рекоа дека трансферот нема да се реализира, бидејќи Ла Лига ги промени условите и не даде зелено светло”, рекол Хорхе Меси.
После тоа, Лео не сакал пак да чека, добил второ „НЕ“ и засекогаш ги затворил вратите за враќање како играч.
















