Меси и другарите заглавија на паркинг поради тепачка на навивачи 🎥


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ го запишаа првиот пораз во Лига 1 на гостувањето кај Рен со 0-2, а освен тоа имаа и потешкотии пред тргнувањето кон Париз.

Најпрво требаше да тргнат со авион, но летот беше откажан поради невреме, па од Рен мораа да тргнат со автобус.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види дека Лионел Меси и неговите другари заглавија на паркинг бидејќи надвор од стадионот владееше хаос, односно навивачите се истепаа на улиците на градот.