Меси или Ван Дијк, еве според Клоп кој ја заслужи Златната топка?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп има концизен и точен аргумент на прашањето – Кој заслужува оваа година да ја освои Златната топка, дали Ван Дијк или Меси.

52-годишниот Германец не се сомнева дека Меси е моментално најдобриот играч на светот.

„Ако Златната топка ја доделувате на најдобриот играч на својата генерација, тогаш таа му припаѓа на Лионел Меси“, изјави Клоп за Reuters, па додаде:

„Но, ако наградата ја доделите на најдобриот играч во изминатата сезона, тогаш таа му припаѓа на Ван Дијк. Не знам како функционира тоа, но јас на работите гледам така“.

Холандскиот репрезентативец е еден од главните кандидати за престижна награда, покажувајќи неверојатна форма во редовите на Редсите, кои ја освоија Лигата на Шампионите и се пласираа на второто место во Премиер Лигата.

Меси го држи рекордот заедно со Кристијано Роналдо со освоени пет Златни топки.