Меси има шанса вечерва да го урне рекордот на Пеле!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вечерва гостува од 21 часот кај екипата на Кадиз во рамки на 12. коло од шпанската Ла Лига, а токму на тој меч Лионел Меси може да урне рекорд на легендарниот бразилски фудбалер Пеле.

Пеле во дресот на Сантош од 1956 до 1974 година постигна 643 голови и тоа беше рекорд, кој многу години никој не успеа да го стигне, но тука е Меси кој се наоѓа ептен блиску.

Меси во моментов за Барселона има постигнато 641 гол, а тоа значи дека со можен хет-трик, би го преминал легендарниот Бразилец.

Пеле е рекордер и според вкупниот број на голови, односно 757, но Кристијано Роналдо му се приближи на 750 голови и сериозно му се закани, додека Меси има 712 погодоци.