Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси закажал прес-конференција за недела во 12 часот на стадионот „Камп Ноу“, каде што играше во претходните две децении.
Барселона во четвртокот објави дека Меси нема да остане во клубот, а потоа почнаа да се појавуваат нови информации за иднината на Аргентинецот.
Меси го напушти клубот затоа што Барселона нема простор за потпис на нов договор поради правилата на Ла Лига, додека еден од најдобрите фудбалери во историјата на тимот од Каталонија кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
Заминувањето на Меси и финансиската криза не се единствен проблем за Барселона затоа што и Серхио Агуеро не е задоволен поради заминувањето на неговиот сонародник, па сака и тој да си замине од Каталонија.