Меси имаше интервју: Секогаш се растажував кога морав да се вратам во Барселона…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси стигна во Барселона на само 13 години и стана еден од најдобрите фудбалери во светот благодарение на неговиот труд на фудбалските терени.

Меси веќе 15 години игра на врвно ниво и со Барселона ги освои сите можни трофеи, а сега во интервју зборуваше за неговото минато.

„Загубив многу пријатели поради проблемите со комуникацијата. Немавме социјални мрежи и мобилни телефони, како што имаат денес децата, а јас по доаѓањето во Барселона можев да контактирам со пријателите преку пошта или телефон“, вели Меси.

Аргентинецот ја користел зимската и летната пауза за да замине во Росарио и да биде со своето семејство, но признава дека секој пат тешко му паѓало напуштањето на градот.

„Враќањето во Барселона по паузата секогаш ме растажуваше. Тешко ми беше да го напуштам Росарио, а воедно сакав да се вратам во Барселона и да продолжам со работа“, објаснува тој.