Меси испрати кратка порака до Иниеста: Ќе ѝ недостигаш на топката!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во минатото ја делеше соблекувалната со Андрес Иниеста во Барселона и оствари големи успеси.

Иниеста вчера најави дека ќе се пензионира, а Меси испрати порака преку социјалните мрежи до неговиот поранешен соиграч.

„Еден од најдобрите фудбалери и еден од тие со кои најмногу уживав да играм. Ќе ѝ недостигаш на топката, а исто така и на сите нас. Ти посакувам сè најдобро во животот“, напиша Меси.

Иниеста во кариерата освои дури 38 пехари, меѓу кои беа титули со Барселона, Шпанија и Висел Кобе.