Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијатана Аргентина во Саудиска Арабија го совлада вечниот ривал, Бразил во пријателски натпревар кој заврши со 1:0.
Гаучосите славеа во возбудлив и прилично остар натпревар во кој имаше два неискористени пенали.
Најпрво Бразил во 10. минута доби пенал кој во погодок не го реализираше Габриел Жезус кој очајно шутираше.
Само три минути подоцна беше досуден пенал и за Аргентина, но и тој не беше реализиран од страна на Меси. За среќа на еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња топката се одби во неговите нозе па тој ја смести зад грбот на Алисон.
#ARGBRA goooooal Messi pic.twitter.com/A5GWGONF3n
— Dr.DeDe (@Riquelme2030) November 15, 2019