Меси ја освои „божицата“, па ги реши дилемите за неговата иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси постигнал договор со ПСЖ за да ја продолжи соработката, објави „Би-Би-Си“.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта претходно кажа дека сака Меси да се врати во клубот, но сепак каталонскиот гигант не направи конкретни потези.

Меси не може повеќе да ја чека Барселона, па ќе потпише нов, едногодишен договор со ПСЖ со опција соработката да му биде продолжена на уште една година.

Договорот е постигнат по четири месеци преговори меѓу спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос и таткото на Меси, Хорхе.

Меси пристигна во ПСЖ во 2021 година и досега одигра 53 натпревари и запиша 23 голови.