Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Париз вечерва беше одржана свечената церемонија на традиционалното доделување на наградата „Златна топка“ во избор на магазинот „Франс Фудбал“.
Наградата се доделува од 1956 година, а рекордер е човекот кој и вечерва ја одби наградата, а тоа е Лионел Меси.
Станува збор за најпрестижната фудбалска награда која се доделува на крајот на секоја година. Иако ФИФА направи сопствен избор, сепак „Златната топка“ ја сметаат некои за повредна.
Меси по седми пат во историјата ја освои наградата, а тој беше пред Роберт Левандовски од Баерн Минхен, како и Карим Бензема од Реал Мадрид.
Во моментов Меси е лидер по број на освоени награди, односно има седум, додека Кристијано Роналдо има пет.