Меси кажа „да“ и во најголемиот зимски трансфер се враќа во Европа


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во наредните денови конечно би требало да се случи она што многу љубители на фудбалот го сонуваат, а тоа е враќањето на Меси во Европа.

Имено, легендарниот играч на Барселона доби јасна понуда за враќање на европско тло, а според последните тврдења одлучил да ја прифати.

Познатиот фудбалски коментатор Левент Тузамен, тврди дека Лионел Меси дал “зелено светло” на Галатасарај за посебен проект од четири месеци и 12 натпревари.

Меси имал два посебни услови за челниците на Галатасарај, а тие ги прифатиле со раширени раце, сѐ за да го доведат во нивниот клуб.

По натпреварот во кој Галатасарај победи Касериспор со 4:0, Левент Туземен објави големи вести во живо во преносот на А Спор.

Тој изнесе тврдење кое предизвика вистински хаос меѓу навивачите на Галатасарај, а се работи за тоа дека во овој клуб доаѓа Лионел Меси.

.