Ep.2 Urban Explorer: Каде да се пирсате во Скопје!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси две децении играше во Барселона и ги постигна најголемите успеси, но потоа се пресели во ПСЖ откако каталонскиот гигант се соочи со финансиски проблеми и не можеше да му понуди договор.
Меси одигра две солидни сезони во Париз, по што си замина од ПСЖ и потпиша за Интер Мајами, а според неговите најави тоа нема да биде негов последен клуб во кариерата.
„Секогаш сакав да играм за Њуелс Олд Бојс. Тоа посебно ми тана желба откако го освоив Мундијалот со Аргентина. Би сакал да уживам во аргентинскиот фудбал, да играм за тимот во кој ја почнав кариерата. Сон ми е да заиграм за нив“, кажа Меси и тоа најверојатно ќе биде негов последен тим во богатата кариера.