Меси кажа кога ќе се врати во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси веќе втора година го носи дресот на ПСЖ, откако со солзи се збогуваше со Барселона, каде што помина најголем дел од кариерата.

Во медиумите често се шпекулира дека Меси ќе се врати во каталонскиот гигант, но Аргентинецот во разговор со новинарите кажа дека не планира тоа да го направи додека е фудбалер.

„Ќе се вратам во Барселона, ама кога ќе ја завршам фудбалската кариера. Тоа е мојот дом и сакам да живеам таму кога ќе се пензионира“, кажа Меси.