„Меси ќе добие нов договор, уште е млад и може да игра!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси има договор со Барселона до 2021 година, но клубот подготви нова понуда за Аргентинецот. Тие сакаат Меси да ја заврши кариерата во каталонскиот клуб.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу вели во разговори за „ЕСПН“ дека Каталонците подготвуваат нов договор за Меси за да го задржат на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.

Аргентинецот на крајот на 2017 година потпиша договор со Барселона до 2021 година, но во клубот сакале дополнително да се осигураат.

„Меси ги урна сите граници, сите му се восхитуваат, па нашата идеја е да му понудиме нов договор. Тој е уште млад, сите гледаме колку може да игра, а има уште само две години од крајот на договорот“, објаснува Бартомеу.