Меси ќе добие речиси милијарда евра од Манчестер сити?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Првиот човек на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу не сака да биде запаметен во историјата како човек на кој му избегал еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси.

Барселона не попушта и бара 700 милиони евра за потписот на Меси, иако тој сака да замине бесплатно од каталонскиот гигант.

Сити подготви 750 милиони евра за Меси, а платата ќе му биде слична како таа во Барселона, околу 50 милиони евра. На пет години тој ќе добие 500 милиони евра плус бонуси од 250 милиони, но само во случај да се пресели бесплатно во премиерлигашот.

Засега не е јасно што ќе се случи со Аргентинецот, кој сака да замине бесплатно, но Ла Лига застана на страната на Барселона и порача дека му важи клаузулата од 700 милиони евра.