Меси ќе почека да се состави нова управа, па ќе каже дали останува во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси има можност да ја напушти Барселона во летниот преоден рок. Аргентинецот од јули ќе биде слободен фудбалер и ќе може да бира клуб со кој сака да потпише договор.

Иако претходно се најавуваше дека Меси ќе донесе одлука по изборот на нов претседател на Барселона, сепак тоа нема да се случи.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси ќе ја донесе одлуката за својата иднина на крајот на сезоната, зашто сака да ги види првите чекори од проектот кој го носи новиот претседател.

Ако му се допадне проектот на Аргентинецот, тогаш тој ќе остане во екипата од Каталонија.

Изборите за претседател на Барселона се закажани на 7 март, а фаворит за победа е поранешниот прв човек на тимот, Жоан Лапорта.