Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас повторно го критикуваше Манчестер сити, откако пред неколку дена имаше караница преку Твитер со Пеп Гвардиола.
Познато е дека Лионел Меси остана без договор со Барселона и каталонскиот гигант е во проблеми, па не може да регистрира нови фудбалери додека не ги „закрпи“ дупките во буџетот.
Клубот се обидува да ги намали платите, па некои во тоа гледаат шанса да го украдат Меси, а секако главен фаворит за тоа е Манчестер сити.
„Меси не може да потпише договор под претходните услови. Мислам дека ниту еден клуб не може да плати толку пари. Сити во време на пандемија загуби 270 милиони евра, а ПСЖ исто така има проблеми. Ако Сити најде пари за Меси, тогаш тоа ќе се смета за финансиски допинг. Би било навистина неверојатно да се случи такво нешто“, вели Тебас.