Меси ќе се врати во Париз на почеток на 2023

Француски „Л’Екип“ објави дека фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси ќе се приклучи на тимот на почетокот на следната година.

Меси неодамна го освои Светското првенство (СП) со Аргентина во Катар, а потоа си замина во татковината.

Раководството на францускиот шампион наводно му порачало на Меси да се одмори пред продолжение од сезоната.

Меси нема да игра на дуелот против Стразбур, кој е закажан за 28 декември, а нема да настапи ниту три дена подоцна против Ленс.

Аргентинецот се очекува да се врати во тимот дури на 11 јануари на дуелот против Анже.