Меси ќе си оди од ПСЖ, има две опции за неговата иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси одбил да потпише нов договор со ПСЖ, па се очекува да замине на лето од францускиот гигант.

Таткото на Меси, Хорхе пристигна во Париз за да води преговори со управата, меѓутоа не успеал да се договори.

Хорхе разговарал со спортскиот директор Луис Кампос, но не постигнале договор, а тоа значи дека аргентинската ѕвезда си оди на лето.

Меси има две опции за неговата иднина, а едната е враќање во Барселона, додека втората е преселба во Интер Мајами од САД.