Меси ќе тужи: Само пет луѓе знаеле за договорот со Барселона!

Шпанските медиуми објавија детали од договорот на Лионел Меси со Барселона, според кој Аргентинецот заработува 555 милиони евра за четири години.

Барселона веднаш испрати соопштение до јавноста и порача дека тие не ги откриле овие детали затоа што тие се деловна тајна.

Меси веќе подготвува тужба за лицето кое ги доставило документите во медиумот и наскоро се очекува правна постапка.

Само пет луѓе во Барселона ги знаеле овие детали за договорот, а тоа се Жозеп Бартомеу, Оскар Грау, Карлес Тускетс и уште две лица.

Оваа ситуација само ги зголемува шансите Аргентинецот на лето да ја напушти Барселона како слободен агент.