Меси: Конечно го извадив трнот кој ме боцкаше одамна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина славеше во финале на Копа Америка против Бразил со 1-0 и така Лионел Меси конечно освои трофеј со неговата репрезентација.

Меси беше прогласен и за најдобар фудбалер на турнирот, па заслужено конечно го освои трофејот по три изгубени финалиња на Копа Америка.

„Како е да го победите Бразил во финале? Веројатно Бог го чуваше тој момент за мене. Ова не може да се опише со зборови. Ова е еден од моите најдобри денови во кариерата. Верував во тимот и покажавме карактер. Мора да го искористиме ова во Катар. Јас знаев дека овие момци се добри и им кажав уште одамна дека се иднина на репрезентацијата“, вели Меси.