Меси конечно го освои трофејот: Аргентина е светски шампион! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победникот на Светското првенство (СП) во Катар за 2022 година е Аргентина, откако на пенали беа подобри со 4-2, додека резултатот по продолженија беше 3-3.

Аргентина имаше почеток од соништата на натпреварот откако постигна два гола во првите 36 минути од дуелот, и тоа најпрво преку Лионел Меси од пенал во 23. минута, а потоа и преку Анхел Ди Марија во 36. минута.

Франција направи две измени уште во првиот дел, а до голови стигна дури во завршницата од средбата, кога Килијан Мбапе прво од пенал, а потоа од игра стрелаше за 2-2 во 80 и 81. минута.

Во судиското продолжение Меси повторно ја врати Аргентина во водство, откако искористи еден одбиен удар и го испрати во мрежата на Уго Лорис за 3-2, но радоста на „гаучосите“ запре во 118. минута кога Мбапе со трет гол го однесе мечот на пенали.

При ударите од белата точка поуспешни беа Аргентинците кои славеа со 4-2.