Меси: Конечно, колку е убав овој пехар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го освои единствениот трофеј кој му недостигаше во богатата колекција и така стана најдобар играч во историјата.

Меси даде седум гола на Мундијалот во Катар, а имаше и три асистенции за Аргентина, при што урна неколку рекорди.

„Конечно го освоив. Видете колку е убав овој пехар. Многу страдавме, но успеавме во намерата да си го оствариме сонот“, кажа Меси.

Аргентинецот потоа им откри на новинарите дека не планира да се пензионира, иако такво нешто најави пред почетокот на Светското првенство.