Меси – Мбапе – Нејмар, најскапо трио во историјата, но дали е и најдобро?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона мораше да го признае поразот, па ПСЖ и неговите газди од Катар повторно се радуваат на триумф. По Нејмар и Килијан Мбапе, сега уште една ѕвезда доаѓа во Париз.

Уште не е официјално, но никој не се сомнева во таков исход. Лионел Меси ќе потпише тригодишен договор со парижаните со годишна плата од 40 милиони евра.

Адвокатите на ПСЖ веќе ги подготвуваат документите за трансферот, а за тоа време навивачите ширум светот водат дебата за тоа дали парижаните ќе го имаат најмоќниот напад во историјата.

Шпанска „Марка“ направи анкета на оваа тема и на располагање стави неколку тандеми кои заедно играле на теренит, па според навивачите најсилно трио било тоа на Барселона составено од Меси, Суарез и Нејмар.