„Меси мора да го напушти ПСЖ, тоа не е фудбалски клуб!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Емануел Пети го советува Лионел Меси да го напушти ПСЖ идното лето.

Аргентинецот добива критики од навивачите поради лошите настапи, а тоа го изнервира Пети, кој смета дека Меси не заслужил таков третман од навивачите.

„Ова за мене е навреда за фудбалот. Отворено би му кажал на Меси да си замине од ПСЖ по ова. Вакви работи се неприфатливи. ПСЖ не е фудбалски клуб, тоа е клуб за пензионирање. Ниту еден играч не стана подобар откако дојде во ПСЖ“, вели Пети.

Меси има договор со парижаните до идното лето, по што најверојатно ќе си замине, а како можна дестинација се споменува Барселона.