„Меси мора да го освои Мундијалот за да се израмни со Пеле и Марадона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


В недела ќе почне Светското првенство (СП) во Катар, а еден од фаворитите за титулата е Лионел Меси и неговите колеги од селекцијата на Аргентина.

Аргентина е во одлична форма и доаѓа во Катар да го освои Мундијалот по долга пауза, а тоа воедно ќе биде последна шанса за Меси да се закити со трофејот.

Поранешниот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино кажа дека на Меси му недостига трофејот од СП за да се израмни со Пеле и Диего Армандо Марадона.

„Мундијалот е поразличен од сè останато. Трофејот му недостига на Меси и се надевам дека ќе го крене во Катар. Јас сум Аргентинец и моја желба е Аргентина да го освои Светското првенство. Меси така ќе го потврди своето место меѓу најдобрите во историјата, Пеле и Марадона“, вели Покетино.