Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси оваа сабота може да преговара со другите клубови за трансфер во летниот преоден рок, односно шест месеци пред да му заврши соработката со каталонскиот клуб.
Зимскиот преоден рок почнува наскоро ширум Европа, а Шпанија е нетрпелива да види што ќе се случи со еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Меси минатото лето побара од управата да го пушти, но тогашниот претседател Жозеп Марија Бартомеу му го одби барањето.
Во Барселона претседателските избори се закажани за 24 јануари и новата управа за задача ќе има да го убеди Меси да остане во Каталонија, но тоа ќе биде тешко.
Барселона за една година промени тројца тренери, а минатата сезона не освои ниту еден трофеј.