Меси на чекор до уште еден рекорд – „Камп Ноу“ е неосвоива тврдина!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси повторно испишува историја во фудбалот. Тој погоди и против Ференцварош во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Меси го постигна својот 116. гол во кариерата во елитното натпреварување, а тоа го направи во својата 16. сезона во ЛШ, со што го израмни рекордот на Рајан Гигс.

Мечот меѓу Барселона и унгарскиот тим го одбележа 17-годишниот Ансу Фати, кој има четири гола на пет натпревари сезонава. Исто така, уште еден 17-годишен фудбале беше стрелец на гол, а тоа е Педри.

Барселона во последните 37 натпревари не е поразена на „Камп ноу“ во ЛШ, па за тоа време има 33 победи и само четири ремија. Ниту еднаш во тие натпревари немаат примено повеќе од еден гол.