Меси најдобар стрелец во топ-5 лигите во Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ вчера одиграа 1-1 на гостувањето кај Стразбур и ја освоија 11. титула во француската Лига 1, а Лионел Меси се искачи на врвот на вечната листа по број на голови во топ-5 лигите.

Меси постигна гол за водство од 1-0 во 59. минута и тоа беше негов 496. гол во најсилните европски лиги, па така го надмина Кристијано Роналдо кој има постигнато еден погодок помалку.

Аргентинецот воедно ја освои и 43. титула во кариерата, со што го израмни рекордот на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш.