„Меси не го надмина Марадона, таа споредба нема смисла!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина го освои Мундијалот во Катар откако на пенали беше подобра од Франција, а Лионел Меси конечно стигна до пехарот кој го посакуваше со години.

Меси постојано беше во сенка на Диего Армандо Марадона, но по освојувањето на „божицата“ многумина сметаат дека ѕвездата на ПСЖ е подобра од неговиот сонародник.

Хавиер Занети, сепак, не се согласува со коментарите на голем дел од фановите дека Меси конечно го надминал Марадона.

„За мене не е така. Не ми се допаѓа споредбата и нема смисла. Треба да бидеме благодарни затоа што двајцата најдобри фудбалери во историјата се Аргентинци. Мислам дека Меси не с епромени, туку сега е позрел и го пренесе своето лидерство на остатокот од тимот“, вели Занети.