„Меси не ја заслужи ‘Златната топка’, наградата требаше да ја освои Халанд“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германската легенда Лотар Матеус кажа дека осмата „Златна топка“ на Лионел Меси е незаслужна затоа што подобра сезона имал Ерлинг Халанд.

Меси ја доби престижната награда, иако освои помалку трофеи од Халанд и постигна помалку голови од норвешкиот голгетер.

Матеус смета дека Халанд е вистинскиот освојувач на наградата која ја доделува „Франс Фудбал“.

„Наградата на Меси не е заслужена и докажува дека Мундијалот се смета повеќе од сè останато. Според мене, никој не беше подобар од Халанд во изминатите 12 месеци. Освои голем број титули и постигна многу голови“, вели Матеус.