Меси: Нема да играм на уште еден Мундијал!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Лионел Меси пред неколку дена потпиша за Интер Мајами, по што соопшти дека нема да игра на следното Светско првенство (СП).

Меси лани го освои единствениот пехар кој му недостигаше во кариерата, а тоа е трофејот на Мундијалот во Катар.

„Мислам дека нема да играм. Ова беше мој последен Мундијал. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но не планирам да настапам на уште едно Светско првенство“, кажа Меси.

Меси, сепак, ќе го носи дресот на „гаучосите“ во јуни на натпреварите против Австралија и Индонезија.