Меси никогаш прв не го бара дресот од противникот, но синоќа го прекрши тоа правило


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен ја совладаа Севиља со резултат од 4:0, а првиот гол во новата сезона го постигна и Лионел Меси.

Меси на почетокот на сезоната имаше доста проблеми со повредите поради кои се уште не е во потполност вратен на натпреварувачкиот ритам.

Но, Аргентинецот синоќа го одигра целиот натпревар против Севиља и успеа да постигне гол за резултат од 4:0.

Секако, Меси го постигна погодокот од слободен удар и уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Меси во центарот на вниманието се најде после натпреварот кога неколку играчи на Севиља му го побараа дресот. Но, тој мораше да ги одбие и му пријде на колегата од репрезентацијата, Евер Банег со кој си ги размени дресовите.

Шпанските медиуми утринава објавие дака Меси наводно изјавил дека никогаш прв нема побарано дрес од своите противнички играчи и дека само тие бараат од него. Но, синоќа Аргентинецот го прекрши тоа правило.

Мундо Депортиво пренесува дека такви потези Меси дозволува само кога некој колега од репрезентацијата игра на противничката страна, и тогаш може да се случи тој да побара дрес.