Меси одбил да потпише доживотен договор со Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона, според многу европски медиуми, подготвиле нов договор за Лионел Меси, кој би бил потпишан до крајот на неговата кариера.

Меѓутоа, Аргентинецот откри дека таков договор бил понуден, но тој не сака да потпише таков документ и така да се приврзе со Барселона.

Актуелниот договор на Меси му завршува за две години, но во клубот од „Камп Ноу“ се сигурни дека аргентинскиот магионичар може да игра на највисоко ниво и по Светското првенство во 2022 година.

„Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но јас кажав дека не сакам таква соработка. Сакам да останам здрав и да продолжам со игра, па да се борам за голов во Барселона. Таму може да бидам доживотно, но не со договор“, порача Меси.