Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси по две сезони во ПСЖ ќе си замине од клубот и најверојатно ќе се пресели во Барселона, иако имаше понуда и од Саудиска Арабија.
Меси неодамна ја посети Саудиска Арабија и тоа предизвика шпекулации во медиумите дека Аргентинецот е на преговори со Ал Хилал, кој му понуди 600 милиони евра по сезона, односно трипати повеќе пари од тоа што зема Кристијано Роналдо.
Таткото на Меси, Жорге сакал Лионел да потпише со Ал Хилал доколку добие огромна провизија, но легендарниот фудбалер има друг приоритет, а тоа е враќање во Барселона.
Каталонскиот гигант веќе некое време работи за да ги реши финансиските проблеми и се очекува наскоро да можат да потпишат договор со Меси.