Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според извештаите од неколку шпански медиуми, Лионел Меси би можел да се вклучи во престојната изборна трка за нов претседател на Барселона, поддржувајќи кандидат кој би имал можност да го победи Жоан Лапорта на изборите планирани за 2026 година.
Аргентинската фудбалска ѕвезда ќе застане зад кандидат од опозицијата само ако процени дека има реални шанси сегашниот претседател да се отстрани од функцијата.
Меси и натаму го доживува начинот на кој мораше да ја напушти Барселона во 2021 година како голема неправда. Тогаш Лапорта му вети нов договор, но изненадно ја промени одлуката, што резултираше со негово заминување како слободен играч.
 
            