Меси: Ова ми е последна шанса да си го остварам сонот!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на прес-конференција зборуваше за дуелот кој ја очекува неговата татковина на стартот на Мундијалот во Катар.

Прв противник за Аргентина на Светското првенство ќе биде Саудиска Арабија, а Меси вели дека е подготвен за дуелот, иако се појавија шпекулации дека е повреден.

„Немам никакви проблеми. Прочитав дека ќе бидам надвор од тимот, но тоа не е вистина. Ова ми е последна шанса да си го остварам сонот и да го освојам Светското првенство“, кажа Меси.