Меси по победата против Мексико: Мундијалот за нас почнува сега!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина се спаси од елиминација од Мундијалот во Катар, откако синоќа славеше со 2-0 против Мексико, а еден од головите постигна Лионел Меси.

Меси ги предводеше своите сонародници до важна победа која ги остави во игра за осминафинале, но работата сè уште не е завршена бидејќи ги чека тежок натпревар во последното коло од групната фаза.

„За нас, Мундијалот почнува сега. Ни беше многу тешко по поразот од Саудиска Арабија. Деновите беа долги и сакавме да покажеме дека вредиме повеже. Ова е причина за радост и мир и сега работите зависат само од нас. Мора да веруваме во успех. Немаме друг избор“, кажа Меси.

Аргентина е втора во групата Ц со три бода, односно еден помалку од лидерот Полска, а тие во последното коло ќе решаваат за место во нокаут фазата, додека Саудиска Арабија ќе се надева на триумф против Мексико и пласман меѓу најдобрите.