Меси по шести пат ја освои „Златната копачка“: Алба и Суарез се најзаслужни за наградава! (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси по шести пат во кариерата ја освои „Златната копачка“, откако минатата сезона постигна 36 гола, а најдобра сезона му беше 2011/12 кога постигна 50 голови.

Наградата која се доделува за најдобар стрелец од минатата сезона од сите европски лиги ја освои Аргентинецот, а зад него заврши Килијан Мбапе со 33 гола.

„Суарез и Алба, кои се тука, се двете најголеми причини поради кои ја добив наградата. Без својот тим никогаш не можев да победам, ова е трофеј за сите, признание за целата соблекувална. Лигата на шампиони е нешто посебно и секоја година сакаме да ја освоиме, но свесни сме дека Ла Лига е најважна“, порача Меси.