Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси ги повика фановите на Барселона да му дадат поддршка на Фелипе Кутињо кој нема баш најдобра сезона.
Бразилецот беше исвиркан од страна на публиката на „Камп Ноу“ на вчерашниот натпревар против Ливерпул.
Кутињо не се снајде баш најдобро во Каталонија по неговиот трансфер пред година и половина вреден 146 милиони фунти.
„Свирежите против Кутињо не беа убави, мора да бидеме заедно сите“- истакна Меси за „Марка“.
Се повеќе се зборува дека Бразилецот ќе си замине од Барселона за многу помала сума од 80 милиони фунти.