Меси постигна гол, па истиот му го посвети на Ѓоковиќ (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Филаделфија Унион на свој терен со резултат 2:1.

Двете водечки екипи на табелата на Источната конференција ги вкрстија копјата, но Интер влезе во средбата како голем фаворит. Зашто, Фила не е екипа на која и се предвидуваше каква било трка за врвот, меѓутоа одлично ја отворија сезоната со три врзани победи. Не беа далеку ни од изненадување на „Чејс стадионот“, но секоја надеж им ја уништи Лео Меси.

Откако Роберт Тејлор го доведе Интер во водство во 23. минута, Аргентинецот кој влезе во 55. минута, само две минути подоцна даде гол и го лансираше домаќинот два чекора пред неговиот противник. Лео Меси голот го прослави имитирајќи тениски удар посветувајќи му го на Новак Ѓоковиќ со кој се сретна во петок вечерта кога го гледаше неговиот полуфинален дуел на мастерсот во Мајами против Григор Димитров.